Обвинетиот Љупчо Палевски денеска во Кривичниот суд на негов предлог го испрашуваше сведокот Стојан Кујунџиовски полицаец во велешката полиција кој учествувал во потрагата по тогаш исчезнатиот Панче Жежовски.
Палевски го праша сведокот дали во домот на обвинетиот Боре Видевски пронашле оружје, на што сведокот одговори дека одземале ловна пушка и куршуми од пиштол со клибар 9 мм.
Палевски го праша сведокот дали го барале пиштолот марка Зброевка за кој Видевски имал дозвола, сведокот , полициски службеник рече дека не го прашал Боре каде му е пиштолот, а дека го нема оружјето ја известиле обвинителката од велешкото ЈО и СВР Скопје.
Претресот кај Боре бил извршен на 4 декември 2023 ден по откривање на убиствата. Во моментот се изведуваат материјални докази на предлог на одбраната на Палевски. (П.А.)