Главниот обвинет за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски, повторно бара изземање на обвинителите кои го застапуваат обвинението, Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ, и за шефот на скоспкото ЈО, Гаврил Бубевски заради пристрасност. Според Палевски обвинителите дозволиле да се фалсификува доказ -телефонска анализа, со кои подоцна лажно сведочел сведокот Ерол Османи. Имено, сведокот тврдеше дека Палевски требало да дојде на 27 на денот на убиството на девојчето кај него дома да му го поправи парното, но дошол следниот ден и се задржал до пладне. Палевски објаснува пред судот дека во тој период не бил кај сведокот туку водел поткаст, за што читаше пораки и слики. Обвинува дека ОЈО бришеле докази и фалсификувале податоци од базни станици на Телеком за сведокот да лаже во судот. -Јас сум видлив пред камери на поткаст, а не поправам котел во Бутел Палевски побара изземање на обвинителите за кое треба да одлучува државното ОЈО. Судењето продолжи со изведување на докази, фискални сметки на обвинетите. (П.А)