Палевски од обвинителна клупа зборува како да е на партиска говорница

1025

Во Кривичниот суд сведочи во своја одбрана првообвинетиот за убиствата на Вања и Панче, политичкиот лидер како што се престави во воведот од својот исказ Љупчо Палевски. Прашам од неговиот бранител Јовица Страшевски дали ладнокрвно ги извршил убиствата и грабнувањата Палевски рече:

Не, немам мотив за тоа затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск марка тошиба со преку 200 илјади телефонски гнасотии на политичката елита, но и на новинарската  професија и доколку сум сакал користољубие сум можел да уценувам милјардери со ферари, но тоа не сум го направил.

За Велибор Манев рече дека бил алчен за пари и правел конфликти во партијата. За Влатко Кешишев рече дека бил патриот, а за Боре Видевски кој дошол во партијата преку Манев, кажа само пофални зборови.

Ѓорчевски го запознал во кривичната пријава.

За себе рече дека бил политички киднапиран поради дејствувањето на партијата Десна но и поради докази кои ги поседувал за набавка на ирански дронови преку македонски банки, наменети за Русија, за што според Палевски бил лично запознат и поранешниот министер за полиција Оливер Спасовски.

Ги нападна медиумите ги нарече багра кои биле корумпирани од банките.

ИЗДВОЕНИ