На продолжението од судскиот процес за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски сведочеа познаници на првообвинетиот Љупчо Палевски кои за време на настаните биле во контакт со него. Преку нивните одговори, обвинителството имаше за цел да го потврди својот мотив за убиството на девојчето, користољубие и бегството на нејзиниот ликвидатор. Од местото за сведоци зборуваше Стефан Димковски, основач на Десна и човекот кој го возеше Палевски од Белград до Турција преку Бугарија. Иако првично требало за Истанбул да лета со авион, по пат Палевски го сменил планот и му предложил да го ,,џитне,, до таму бидејќи било на 5 часа од Србија. Возеле ноќно време. Му кажал дека оди на операција за кичмата, а место хотел, Палевски изнајмил куќа на три месеци бидејќи така му било поефтино. Со себе носел и техника за да прави поткасти. Сведокот рече дека последната средба била кога појадувале, тогаш знаел за полициските претреси во партијата и му рекол дека размислува за политички азил во Белорусија и оти нешто му смислил Спасовски (тогашниот министер за внатрешни ). Се разделиле а Димковски се сместил во хотел од каде ги гледал прес конференциите поврзани за убиствата,тогаш се онесвестил и веднаш му се јавил на Палевски. ,,Тешка местенка, ми го ,,лепат,, случајот му одговорил тој.
На предлог на обвинителството сведочеше поранешен полициски инспектор, Ламбе Бучков, кој во судницата тврдеше дека Палевски му должи 16 илјади евра. Секој ден сведокот одел кај него во партиското седиште да си ги бара парите, последен пат се слушнале на 29 ноември и му ветил дека парите ќе ги има до петок. Но, место пари сведокот добил уште едно ветување од Палевски. Следното јавување било од Белград а оправдувањето дека мора да ја лечи кичмата и дека од таму ќе замине за Софија и за Турција бидејќи се ближеле избори па требало да се направи нешто. Последниот телефонски разговор бил во неделата на 03-11, Палевски му кажале дека ќе се врати изутрина оти кај него во партијата имало полиција, барале да го земат возилото од паркинг бидејќи исто такво било поврзано со исчезнато девојче. Сведокот Бучков рече дека морал да дигне кредит да го врати долгот на Палчо од 16 илјади евра кај инвеститорот Коста кој бил негов пријател. Сведокот посредувал во бизнис релацијата помеѓу двајцата бидејќи Коста не бил во добри односи со Палевски, но ги посакувал локациите што тој ги нудел во општина центар. Парите му биле дадени на Палевски како аванс, но општината никогаш не дала дозвола за градба, а тој пак никогаш не ги вратил кај бизнисменот. Дури и според сведокот Бучков ги нудел парцелите по други луѓе.
,,Него само парите го интересираат. Имаше човекот многу пари, но му се случија некои работи, со политичката елита и колата почна да му оди надоле, му бараа аномалии во градбите, му стопираа,,-изјави сведокот. Во еден момент кога Палевски му поставуваше прашања на Бучков, овој го потсети дека му должи пари и за билбордите на зградата Тифани. Сведокот на прашање од судијата кажа дека знаел оти Палчо има пиштоли и бил љубител на убави марки.
Прв сведочеше Ерол Османи, кој на денот кога беше киднапирана Вања Ѓорчевска, го чекал, но Палевски не дошол да му го поправи котелот за парно греење бидејќи бил болен. Го поправил следниот ден околу пладне, се однесувал нормално и не изгледал дека е болен. Сведокот кажа дека дошол со бел пик ап со удрена возачка врата. Палевски преку прашања се обиде, но не успеа, да си направи алиби, бидејќи сведокот дојде подготвен со пораките испечатени на листови.
Судењето продолжува во понеделник со уште сведоци. На едно од претходните рочишта сведочеше заменик на началникот во скопската полиција Музафер Каришиќ кој рече дека обвинетиот Влатко Кешишев му признал за убиствата на Панче и Вања, потиснат од совеста, ама цел во страв дека Палчо ќе го убие ако каже. Вечерта кога дошле по возилото рено кангу, инспекторот кој учествувал во потрагата по девојчето не ни знаел дека има поврзаност помеѓу двете исчезнувања кои на крај завршија со квалификација убиства.(П.А)