Палевски ќе докажува дека на денот на убиството на Вања бил во банка

855

Одбраната на обвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски побара од судот да биде обезбедена како доказ снимката од камерата на експозитура на Халк Банка во Буњаковец бидејќи тврди дека чекал ред пред шалтер, за време на убиството на девојчето, заедно со сведок кој ќе го повика во судот да го потврди тоа. Обвинителството се спротивстави на ваквиот предлог на одбраната посочувајќи дека Палевски е регистриран на камерите од Сејф Сити во возилото рено кангу, а трансакцијата во банката се случила после 11 часот односно по свирепото убиство на девојчето. Одбраната докажува дека Палевски не можел да биде на две места во исто време, потенцирајќи дека на снимките на ЈО не се гледа неговиот лик. Судот дополнително ќе одлучува дали да го прифати предложениот доказ на Палевски. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ