Додека опишуваше обвинетиот Велибор Манев како ја киднапирале Вања во ходникот од влезот на зградата, на таткото Александар Ѓорчевски му се влоши состојбата, најверојатно зборовите го погодија и не можеше да се смири од плачење.
Велибор Манев откри дека им било кажано од страна на Палевски дека треба да грабнат жена на околу 40 на години, претходно имале два неуспешни обиди за киднапирање.
На списокот на Палчо на предложени жени била таа на Страшо, директорот на Гранит и ќерка на сопственик на фармацевска куќа, кажа Велибор и откри дека Палевски ги следел и сликал на телефонот, па им ги испраќал да ги видат.
Според сведочењето на обвинетиот жените најверојатно биле од зградата на Наум Наумовски Борче. Третиот обид бил на 27-11 утрото во 7.20 часот, Велибор и Боре чекале жена да излезе од лифтот, а Палчо на моторола ги предупредувал за времето.
Кешишев и овој пат како во случјот со Панче, чекал надвор со автомобилот цитроен. Лицето излезе од лифтот, се симна по скалите и Боре и ја залепи устата со едната рака, а со другата ја навали и ја повлековме под скалите. Личеше како на таа од сликата. Ја врзавме. Ја ставивме во вреќата за спиење, Влатко ја донесе колата пред влезот и ја ставивме во гепекот од цитроенот, сведочеше Велибор по што Александар Ѓорчевски почна на глас да плаче не можејќи да се смири.
Судијата даде пауза од 10 минути.