Палевски денеска треба да одговора на прашања од Обвинителството

44

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првобвинетиот Љупчо Палевски треба да одговора на прашања од Обвинителството.

Минатото рочиште беше откажано поради тоа што не присуствуваше адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски кој го оправда своето отсуство од здравствени причини.

Судијата Стефановски кажа дека доколку Страшевски не се појави и на следното судење, тогаш Судот ќе му одреди адвокат по службена должност.

Обид за одолговлекување или адвокатот на Палчо е навистина болен?

Палевски од обвинителна клупа зборува како да е на партиска говорница

ИЗДВОЕНИ