Пвообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара изземање на целото скопско Јавно Обвинителство, а кривична одговорност за надлежната обвинителка Жаклина Јосифовска поради криење на докази, односно пиштол со калибар од 9 мм кој обвинетиот Боре Видевски го поседувал со дозвола, а обвинителката со намера не го прибавила како доказ.
-Но, криење на оружје, нерасчистување на таа околност, дали обвинетите поседуваат оружје, е најсериозно кривично дело кој обвинител може да го направи за двојно убиство. Расчистување на таа околност јавниот обвинител презел само за мене, а МВР ги известило дека пиштолот со дозвола ми бил одземен 6 месеци пред настанот, рече Палевски.
Првообвинетиот Палевски ја приложи како доказ до судот интернет страницата на МВР од стариот систем на граѓани кои поседуваат легално оружје, меѓу кои и името на обвинетиот Видевски.
Вели дека доказот е прибавен од полицијата , од правдољубиви луѓе како што кажа во судницата кои го доставиле доказот до одбраната. Палевски побара од обвинителот Коцевски да ја праша обвинителката каде е пиштолот ,,зброевка”, во сопственост на еден од обвинетите?
Поради барањето за изземање процесот се одложи за следниот понеделник, а ОЈО има рок од три дена да се произнесе по барањето. Судењето е во фаза на материјални докази, гледање снимки од безбедносни камери. (П.А)