Паѓале камања од мостот на надвозникот пред Визбегово – граѓанин пријавил во ЦУК

143

Санирано е оштетувањето на мостот надвозник пред Визбегово, Скопје, откако граѓани пријавиле до Центарот за управување со кризи на 112. На мостот воедно била пукната и водоводна цевка, но по пријавата на совесни граѓани, штетите се санирани.

На Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера доцна попладне (по 17.00 часот), од страна на лице кое со автомобил се движело по Јадранска магистрала во правец кон Блаце од мостот, надвозник, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ што е на влезот на Визбегово, забележал како паѓаат камења.
Веднаш, од страна на оперативните работници на Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена до општините Бутел и Карпош, а и ЈП „Улици и патишта“ за нивно итно постапување и санирање на надвозникот, а и до МВР, при што полицијата се грижеше за општата безбедност и на сообраќајницата и во околина на изведувањето на работите за санирањето на мостот надвозник – се нагласува во соопштението на ЦУК.

Додаваат дека во текот на вечерните часови од страна на овластено лице на ЈП „Улици и патишта“ до ЦУК стигнало известување дека е постапено по пријавата.

Фото: ЦУК

На 112 во ЦУК, исто така, беше пријавено дека на истиот мост, надвозник пред Визбегово, има пукната водоводна цевка од којашто се слева голема количина вода на коловозот под мостот. Од страна на оперативните работници во РЦУК Скопје пријавата била веднаш доставена до дежурните во ЈП Водовод и Канализација за нивно постапување. Во вечерните часови е добиена во ЦУК информација од јавното претпријатие дека дефектот бил саниран (во 20.30 часот).

Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати посочи и во јавноста и на институциите, а и службите преку службено административно информирање како и преку координативни средби за небезбедноста на мостот, надвозник, пред Визбегово, при што беа изведени привремени решенија за да се зголеми безбедноста на граѓаните на и под мостот – укажуваат од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ