– Пред две недели, кога купував табла јајца, продавачката ми напомена дека кај неа цените не биле „мрднати“ од минатиот Велигден. Затоа, работите мора пошироко да се гледаат“ – истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со замрзнувањето на цените, кое потенцираше дека е нешто ад-хок што дава само краткорочен ефект. Таа ги повика и новинарите со неа да појдат каде што пазари и да ги исконтролираат цените. Пазарните инспектори и вчера ги контролираа маркетите дали се почитува владината одлука на владата за ограничување на маржите и замрзнувањето на цените на одредени производи до 30 април. На рафтовите во најголем дел од маркетите производите опфатени со владината одлука беа со намалени цени. Од Пазарниот инспекторат вчера повикаа граѓаните да пријавуваат неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk. Казните за непочитување се од 500 до 10.000 евра.
Државниот пазарен инспекторат и вчера беше во контрола по маркетите дали се почитува одлуката на владата за ограничување на бруто-профитните маржи и замрзнување на цените на одредени производи до 30 април. Казните за непочитување се од 500 до 10.000 евра.
На рафтовите во најголем дел од маркетите производите опфатени со владината одлука беа со намалени цени. Согласно одлуката на Владата како највисока цена треба се утврдени цените што се применувале на 1 февруари, годинава. Маржите се ограничени на 5% за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, 10% за месо, шеќер, млечни производи, маргарин, конзервиран зеленчук и тестенини, а 15% за свежо овошје, зеленчук, детергенти, пелени и други хигиенски производи.
Исто така, согласно Одлуката за ограничување на бруто-профитна маржа во трговија на големо и трговија на мало, трговците имаа обврска производите кои се опфатени во истата и кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен веб-страницата на Министерството за економија и труд. Од Пазарниот инспекторат, вчера, повикаа граѓаните да пријавуваат неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk
По извршен ненајавен увид во четири трговски ланци и во една стопанска комора, во која се здружени истите, Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка за овие ланци на маркети поради тоа што ги договарале цените.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека во вторникот Владата водела долга диксуија околу мерките за цените на производите, при што било констатирано дека треба да се донесат долгорочни решенија. Според неа, замрзнувањето е нешто ад-хок што дава само краткорочен ефект.
Таа подвлече дека Владата одлуките за цените ги донесува исклучиво врз основа на податоците што ги објавува Државниот завод за статистика. Притоа ги повика новинарите со неа да појдат каде што пазари и да видат колку чини табла јајца.
– Пред две недели, кога купував табла јајца, продавачката ми напомена дека кај неа цените не биле „мрднати“ од минатиот Велигден. Затоа, работите мора пошироко да се гледаат – истакна министерката.
Во однос на креирањето на потрошувачката кошница што исто така било тема на владината седница, Димитриеска-Кочоска, како што нагласи, била фрапирана од два момента кои биле спомнати: дека едно семејство месечно троши 13 литри млеко или дека купува грав од конзерва. Не може, рече, кога се прават пресметките и анализите да се водиме од некој нелогичен пристап.
– Не бранам никого, да не ме разбрете погрешно, зборувам со факти. Колку се зголемени цените ви кажувам врз основа на тоа што го извадил Државниот завод за статистика како податок. Обратете се таму, нека ви објаснат во детали како пресметале. Не одам по маркетите да проверувам, купувам во еден маркет зашто ми е поблиску и не гледам такви трзавици на цени и на Зелено пазарче. Не одам да ги запишувам цените во секој маркет какви се. Одлуките ги носам врз база на податоците од Државниот завод за статистика – истакна министерката.
Битиќи: Македонски производи поевтини во Бугарија отколку кај нас
Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека има простор за домашните производи да ја намалат цената во маркетите, бидејќи како што вели, надвор се продаваат за помала цена.
– Еве јас одам во Бугарија и сфаќам дека наш производ од Македонија во Лидл Бугарија го купувам поевтино во маркетите отколку во Скопје. Тоа не е возможно, не е возможно, тој е тука произведен, не е произведен во Бугарија – вели Битиќи и прашува до каде оди алчноста.
Сè повеќе Хрвати поради високите цени купуваат во руските маркети во Србија
И покрај многуте бојкоти на малопродажните синџири, продавници и одредени производи во Хрватска, цените сè уште растат, а многумина наоѓаат различни решенија за купување по пониски цени, вклучително и одење преку граница.
По напливот на хрватски граѓани во продавниците во Словенија и Италија, во последните месеци има вистински прилив во продавниците во Србија, каде што Хрватите кои живеат во близина на границата редовно одат на месечни шопинг патувања за да добијат најевтини зделки, пренесува „Танјуг“.
Особено популарни се руските маркети во Белград, познати по ниските цени во споредба со локалните продавници во Србија.
– Весникот пишува дека новинарите тестирале колку намирници може да се купат за 2.000 динари (17 евра) и биле изненадени од цените во споредба со другите продавници. Весникот пишува дека цените во Србија се до три пати пониски отколку во хрватските продавници, поради што за многумина вреди да се помине границата и да се направи поголема набавка, пренесува Танјуг.