Американската спринтерка Сиднеј Меклафлин-Леврон го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на националните олимписки квалификации во Јуџин, пренесува „ЕСПН“.

Меклафлин-Леврон (24) ја истрча делницата за 50,65 секунди, а со тоа обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз. Американската атлетичарка го собори сопствениот рекорд што го постави во 2022 година на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).

Меклафлин-Леврон освои златни медали на 400 метри со пречки и штафета 4×100 метри на Олимписките игри во Токио 2021 година.

Олимписките игри во Париз ќе се одржуваат од 26 јули до 11 август.