Кошаркарите на Валенсија го запишаа 11. триумф во Еврокупот оваа сезона, совладувајќи го Клуж на домашен терен со 108:80. Сепак, освен убедливата победа, овој натпревар влезе во историјата поради неверојатната офанзивна претстава на шпанскиот тим.
Валенсија во првото полувреме постигна дури 73 поени со што го собори рекордот во Еврокупот за најмногу постигнати поени во едно полувреме. Претходниот рекорд го држеше Локомотив Краснодар, кој постигна 71 поен на гости кај Антверпен во сезоната 2020/21.
Резултати: Будуќност – Тренто 110:108 (по прод.), Цедевита – Турк Телеком 74:80, Хапоел ТА – Бешикташ 109:101 (по прод.), Улм – Вулвс 114:114:91, Бург – Венеција 99:102, Хувентуд – Трефл Сопот 92:89, Валенсија – Клуж 108:80.