Падна криминална банда од скопското подземје, убивале за пари и од одмазда

Полицијата се судри со криминалните „титани“ во голема акција на безбедносните сили која се одвивала на 15 декември во доцните вечерни часови. Извршени се претреси на 30 локации во подрачјето на Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани и запленети се многу пари во кеш, злато, оружје и други предмети кои ќе бидат докази во кривичната постапка. 

277

Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица за кои постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители сториле кривични дела Убиство, од нив 12 лица се осомничени и за кривично дело Злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Останатите четири лица се товарат за кривично дело „Изнуда“, објавуваат од надлежното обвинителство

Полицијата се судри со криминалните „титани“, во голема акција на безбедносните сили која се одвивала на 15 декември во доцните вечерни часови. Извршени се претреси на 30 локации во подрачјето на Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани и запленети се многу пари во кеш, злато, оружје и други предмети кои ќе бидат докази во кривичната постапка.  Во акцијата, според соопштението на обвинителството уапсени се четворица , а еден сам се пријавил во полициска станица.  Од ОЈОГОКК, потврдуваат дека дел од осомничените се веќе во затвор на издржување казна за други дела, а осомничени се вкупно 18 припадници на наркоклановите. Преку акцијата се расветлуваат неколку познати убиства помеѓу „закрвавените“ банди, а полицијата за разбивање на групата  побарала помош и од армијата.

„Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица за кои постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители сториле кривични дела Убиство, од нив 12 лица се осомничени и за кривично дело Злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Останатите четири лица се товарат за кривично дело Изнуда, објавуваат од надлежното обвинителство

„Главата“ на осомничената криминална банда е во затвор, дел од скопската „Коза Ностра“, се во притвор, дел се во бегство, а некои се веќе убиени од ривалите во подземјето. Илјадници евра се плаќале за ликвидација. Обвинителството им става на товар осум убиства и многу кои се „извлекле“ со повреди.

„Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Па така, во име на поддршка на радикалното движење во Македонија или заради безобѕирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група во периодот од 2020 до 2024 година во шест кривично правни настани лишиле од живот осум лица, три лица биле тешко повредени, а на три лица животот им бил во опасност, соопштуваат од обвинителството.

Полицијата и обвинителството според досега прибраните докази расветлија убиство од 2016 година во селото Сингелиќ. Групата дејствувала хиерархиски, се богателе со закани и изнуди, а рекет наплатувале за месец. За оние кои не соработувале со криминалната банда, следеле пожари на објекти или автомобили. Но, криминалите ги продолжувале и од затворските ќелии

„Еден од организаторите на групата кој е на издржување на казна затвор во период од јуни 2022 година до април 2023 година со умисла поттикнал на извршување на кривично дело Тешки дела против општата сигурност, бидејќи од страна на полициски службеници бил оневозможен да извршува кривични дела поврзани со лихварство и продажба на дрога во затворот. Па така, во три наврата поттикнал лица кои опожариле три возила на полициски службеници предизвикувајќи штета од поголеми размери, велат од обвинителството.

Обвинителот бара притвор за уапсените, за двајца се распишани меѓународни потерници од претходно, а  шестмина се во бегство од претходно.

Ривалитетот во скопско подземје почнува од пред 15 години со првата поделба на криминални групи од кога почнува да се полни „црната хроника“ со инциденти, убиства, фрлени бомби, запалени возила и  одмазди меѓу поделените кланови. Пресметките се заострија последниве години а веќе во јавноста беа познати имињата на криминалните групи Грчец, Дуќанџик, Беланоца, Барон, кои главно го контролираат наркопазарот. Членови преминувале од една во друга група, а некои од клановите останувале без водач па коалицирале со други. (П.А)