Од следната недела ги очекуваме првите посериозни утрински мразеви во регионот, а со тоа и во Македонија. Температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а локално ќе се спуптаат до околу, па и под -5 степени, пишува Славчо Попоски во најновата временска прогноза.
Во најголем дел од регионот ќе имаме појава на слаб до умерен, понекаде и умерен до силен утрински мраз. И во делови од Македонија во утринските часови во текот на следната работна недела може да се очекува појава на умерен утрински мраз.
Сепак и порај ова, времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена облачност. Што значи дека во ноќните и во утринските часови не очекува сув студ. Преку ден исто така температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени пониски во однос на сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Овој долго најавуван ладен бран од север, особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, кога ќе биде особено студено, пишува Попоски.
Со доаѓањето на постудениот дел од годината се повеќе се обрнува внимание на природните појави кои влијаат на нашите временски услови. Меѓу нив е и поларниот вител.
Поларен вртлог или поларна депресија е област од големи размери на низок воздушен притисок со циклонска циркулација во горната атмосфера, обично центриран во поларниот регион. Во студениот дел од годината, поради поизразените температурни разлики меѓу студените поларни и топлите екваторијални региони, доаѓа до засилување на западното струење на средните надморски височини, што последователно доведува до зајакнување на вртлозите.
Во случај струјата во поларниот вртлог да ослабне или да се прекине, се создаваат услови во кои студениот воздух почнува да се спушта во умерени географски широчини. Овој феномен влијае на времето на целата северна хемисфера, понекогаш повеќе во Северна Америка, а понекогаш и во Европа и Азија.
Тоа не е невообичаено, тоа се случува речиси секоја зима, можеби дури и повеќе од еднаш, со различен интензитет. Затоа, се работи за природно ладење, односно промена на воздушната маса над нашето подрачје.