И покрај песимистичката перспектива во Франција и малку помалиот род во Русија, светските цени на пченицата на берзата во Чикаго се одржуваат на ниско ниво долго време, бидејќи пазарот е добро снабден со пченица од САД. Американското Министерство за земјоделство ги зголеми прогнозите за украинското производство на пченица за 10,8 отсто на 21,6 милиони тони, а очекуваниот пораст на понудата дополнително ја намали цената на пченицата.
Цените на пченицата паднаа 5,20 долари за бушел (27,2 килограми) што е на најниско ниво од септември 2020 година, а за ова придонесоа можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози за производство на пченица во Украина.
– Поради се поизвесните најави за штрајк на железницата во Канада, земјоделците однапред ја продаваат својата пченица за да ги избегнат очекуваните проблеми со транспортот, а се очекува земјата да произведе околу 25,3 милиони тони во сезоната 2024/2025 – пишува порталот Трејдинг економикс, пренесува Политика.