Па, кај сте вие? Битолските рокери „Паркети“ со скопскиот концерт во МКЦ!  

24

Грешка сте ако мислите дека атрактивниот битолски рокенрол бенд „Паркети“ го заборавивме. Не и не! Тие само малку си направија пауза од настапите, но еве ги пак под „полна опрема“, се разбира се мисли на музичката опрема. Момците од Битола го најавуваат скопскиот спектакуларен концерт кој ќе се случи оваа сабота на 26 април во Младинскиот културен центар (МКЦ). Под насловот „Паркети и пријатели“, овој настан ќе обедини бројни музички имиња и љубители на рокенролот. Бендот, кој повеќе од три децении ја одржува живата енергија на македонската рок сцена, ветува незаборавна рокенрол вечер. Влезниците се по симболична цена и чинат само 400 денари.

На сцената со „Паркети“ ќе застанат и нивните специјални гости, како што се: Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и уште многу други. Позитивно откачениот Сашо Паркет, фронтменот на бендот, истакнува дека идејата за концертот се состои во прославата на пријателството, но и љубовта кон самиот рокенрол:                                                  – На едно место ќе има многу добра музика и многу легенди. Сосе публиката која знае да ужива во нешто што е вистински добро, појаснува Сашо.                                    (Д.М.) фото: ФБ

 

ИЗДВОЕНИ