Месут Озил најдобрите денови во кариерата ги помина во Реал (М) каде играше три сезони пред да замине во Арсенал. Пред неколку дена, поранешниот репрезентативец на Германија зборуваше за „кралевите“ и особено за еден играч на неговиот поранешен клуб.
Озил на фудбалскиот свет му се претстави со одличните игри во дресот на Вердер од Бремен, кој летото 2010 година го продаде на Реал Мадрид за речиси 20 мил. евра.
Иако германскиот репрезентативец одигра „само“ три сезони за „кралскиот клуб“, јасно е дека тоа беше најдобриот период во неговата клупска кариера, иако после тоа имаше блескави моменти во Арсенал.
Во летото 2013 година тој изненади од одлуката да го напушти Мадрид и кариерата да ја продолжи во дресот на Арсенал кој за него издвои речиси 50 мил. евра. Офанзивниот играч за врска остана во Арсенал повеќе од седум години пред да замине во Турција, каде ја заврши кариерата.
Иако се пензионираше на само 34 години во дресот на Башакшехир, јасно е дека Озил остави навистина голема трага во светот на фудбалот.
Поранешниот играч за врска се најде во центарот на фудбалското внимание бидејќи даде интервју за турската ТРТ, во кое, меѓу другото, зборуваше и за Реал (М).
Озил особено се осврна на еден играч на „кралскиот клуб“, Арда Гулер. Многумина велат дека турскиот репрезентативец неодоливо потсетува на Озил, а тој имаше посебна порака за „кралевите“ и турската репрезентација.
„Па, тие се во право кога велат дека е сличен на мене. Во Арди Гулер гледам многу од себе. Мораме да ги заштитиме талентите како него колку што знаеме“, изјави Озил и додаде.
„Покажа класа и се надевам дека во Реал ќе му ја дадат шансата што ја заслужува“.
Озил забележа вкупно 159 настапи во дресот на Реал (М), постигна 27 гола и додаде дури 81 асистенција.
Што се однесува до Гулер, тој во досегашниот дел од сезоната одигра 27 натпревари на кои постигна три гола и запиша пет асистенции. Сепак, во повеќето натпревари влегуваше од клупата за резервни играчи.