Овошје што може да ви го подобри расположението за само 4 дена – количеството витамин Ц што го содржи е само дел од неговата моќ

419
Фото:пекселс

Ефектите што го подобруваат менталното здравје наводно се последица на едно овошје полно со витамин Ц.

Јаболкото повеќе не е омилено овошје за одвраќање на посетата на лекар: новозеландкик научници открија дека консумирањето киви може да го подобри расположението за само четири дена, според студијата објавена во Британски журнал за исхрана.

Одлично е за луѓе кои имаат мали промени во својата исхрана, како додавањето киви, можат да влијаат на тоа како се чувствуваат секој ден“, изјави коавторот на студијата Тамлин Конер, кој предава психологија на Универзитеотт Отаго во соопштението.

Овие ефекти кои го подобруваат менталното здравје наводно се последица на фактите дека ова овошје е полно со витамин Ц, за кој е познато дека го зголемува расположението и виталноста, меѓу останатите негови вредности.

За да ги провери наводните ефекти на ова овошје врз зголемувањето на расположението, тимот „киви“ направил есперимент за исхрана на 155 возрасни лица со недостиг на витамин Ц.

Секој ден во текот на осум недели, учесниците добивале пласибо, додаток на витамин Ц од 250 милиграми или две киви, а потоа биле замолени да известуваат за својата виталност, расположение, квалитет на сон и физички активности.

Истражувачите откриле дека и групата Витамин Ц и оние кои јаделе киви пријавиле подобрено расположение, но само оваа друга група изјавила дека чувстввуаат зголемување на успехот.

Најдобро од сè, групата киви, наводно, доживеала подобрувања во виталноста и расположението за само четири дена, а ефектите достигнале врв околу 14-16 дена.

„Нашите учесници имаа релативно добро ментално здравје за почеток, така што имаа простор за подобрување, но сепак пријавија придобивки од интервенциите со киви или витамин Ц“, рече водечкиот автор д-р Бен Флечер, кој го спроведе истражувањето како дел од неговата докторирал во Отаго.

Научниците ги припишуваат овие придобивки за менталното здравје на гореспоменатата висока содржина на витамин Ц во кивито.

Интересно е тоа што на учесниците им била дадена сортата SunGold, која внатре е жолта, а не зелена, и наводно има три пати повеќе витамин Ц од портокалите и јагодите, како што се проценува врз основа на јадливото месо.

Флечер рече дека резултатите на крајот покажуваат како „она што го јадеме може да има релативно брзо влијание врз тоа како се чувствуваме“.

„Охрабруваме холистички пристап кон исхраната и благосостојбата, вклучувајќи разновидна храна богата со хранливи материи во вашата исхрана“, изјави научникот, цитиран од „Пост“.

ИЗДВОЕНИ