Островот Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот залив, недалеку од бреговите на Индија и Тајланд, а неговото тиркизно море и песочните плажи повикуваат да уживате.

Сепак, овој мистериозен остров е забранет за туристите од многу бизарна причина.

Имено, овој остров не може да се истражи, бидејќи е дом на едно од најопасните племиња во светот, чии членови се подготвени да убијат секој што ќе му се доближи.

Изолираното племе, кое се состои од 500 домородци, е едно од најстарите племиња, кое датира од камено доба и кое го населува островот околу 60.000 години.

Нејзините членови се подготвени да убијат секој што ќе дојде на нивна територија, поради што е забрането да се приближува на овој остров и е воспоставена таканаречена зона на исклучување, која се протега во радиус од 9,3 километри од островот.

Сепак, некои авантуристи дозволија нивната љубопитност да ги надвладее, а неколку со текот на годините преминаа во зоната на исклучување – со фатални последици.

Неколку рибари премногу се приближиле до островот во 2006 година и наводно биле фатени и заклани, а членовите на племето нападнале и хуманитарци кои сакале да им помогнат по цунамито во 2004 година.

Тогаш хеликоптерот кој доставуваше храна и пакети за прва помош на островот беше погоден со копја и стрели.

Последната личност која илегално се упати на островот беше 26-годишниот американски евангелист Џон Ален Чо, кој беше испратен на островот во 2018 година од мисионери од Мисури со план да живее со племето и да им го проповеда христијанството.

Џон му платил на локален рибар да го однесе на островот, а рибарот го симнал на 700 метри од брегот.

Според описот на рибарот, племенските припадници го убиле со стрели и го закопале неговото тело на брегот на островот.

И покрај напорите на индиските власти, телото на Џон никогаш не беше пронајдено, а седум лица беа уапсени, меѓу кои и рибарот кој му помогна да пристапи до островот.

Инаку, племето наводно сè уште не открило оган, а секој што ќе им се доближил го напаѓа со рачно изработено оружје од метал.

Меѓутоа, во меѓувреме е воспоставен пријателски контакт со племето, кое сè уште сака да биде изолирано, а индиските власти ја прифатиле нивната желба и секој обид за приближување до островот или обид за воспоставување контакт со домородците го третираат како кривично дело.