Овој чипс наскоро ќе биде забранет! Може да предизвика сериозни здравствени проблеми

629

Чипсот со вкус на чадена сланина ќе биде забранет ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови со вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Имено, ЕФСА објави дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичноста, односно способноста на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките, пренесува Индекс.

„Промените или мутациите во генетските информации во клетката може да го зголемат ризикот од развој на состојби како рак и наследни болести“, објаснуваат тие.

На крајот е заклучено дека „со ваков тип на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана. Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Периодот на приспособување ќе трае две години во земјите-членки на ЕУ.

„По истекот на периодот, овие ароми повеќе нема да бидат дозволени за употреба во ЕУ“, соопшти ЕФСА.

Така, земјите-членки на ЕУ тивко се согласија за забрана на крајот на април, а аромите за чад ќе бидат целосно укинати во текот на следните неколку години низ Европа.

Но, ова нема да влијае само на чипсот, бидејќи овие вкусови често се додаваат на месо, сирења, риба и сосови како на пример сосот за скара.

Што вели Европската комисија?

Во соопштението на Европската комисија се објаснува: „Земјите-членки го поддржаа предлогот на Комисијата да не се обновува овластувањето за осум ароми на чад за храна. По периодот на повлекување, овие ароми повеќе нема да бидат дозволени за употреба во ЕУ.

Релевантните одлуки се засноваат на научните проценки на Европската агенција за безбедност на храната, која заклучи дека за сите осум проценети ароми за чад, загриженоста за генотоксичност или била потврдена или не може да се исклучи. Мислењето на ЕФСА се заснова на ажурирана методологија, со проценка на новите податоци поднесени од апликантите. Тоа се однесува на специфични ароми кои можат да се додадат на храната, а не на самата храна.