Овие земји нудат плати кои ќе ве остават без зборови

79

Најновото истражување на платформата Numbeo, објавено од порталот RankingRoyals, дава преглед на просечната месечна нето заработка за 2024 година во 50 земји во светот. Ова се сумите што ги добиваат вработените откако ќе се одбијат даноците.

Според резултатите, најголема заработка е забележана во Швајцарија, каде просечната нето плата е 6.558 долари месечно. Следува Луксембург со 5.706 долари и САД со 4.353 долари. На врвот на листата се Исланд (3.919 долари), Катар (3.795 долари), Сингапур (3.711), Хонг Конг (3.630), Данска (3.562), Австралија (3.441) и Холандија (3.367).

Од друга страна, меѓу 50-те најразвиени земји, најниски просечни нето плати се забележани во Полска (1.463 долари), Чешка (1.501 долари), Естонија (1.531 долари), Малта (1.542 долари) и Словенија (1.543 долари).

Истражувањето покажа и одредени несогласувања меѓу економската сила на земјите и заработката на граѓаните. Така, некои членки на Г7 како Јапонија (2.114 долари), Италија (1.672 долари) и Шпанија (1.776 долари) се исто така доле на листата.

Списокот вклучува и бројни азиски и блискоисточни економии. Обединетите Арапски Емирати забележале просечна нето плата од 3.099 долари, Кувајт 3.044 долари, а Израел 2.946 долари. Јужна Кореја и Тајван постигнуваат нешто поскромни резултати – 2.240 и 1.598 долари.

Овие податоци откриваат големи разлики во животниот стандард ширум светот и служи како обележје за разбирање на глобалните економски нерамнотежи и потребата од реформи кои би ја зголемиле куповната моќ на граѓаните.

ИЗДВОЕНИ