Одржувањето здрав крвен притисок е од клучно значење за здравјето на срцето, а исхраната, стресот и навиките на животниот стил играат важна улога во контролирањето на крвниот притисок.

Одредени намирници се богати со хранливи материи кои природно можат да го подобрат здравјето на вашето срце со подобрување на циркулацијата, намалување на воспалението и помагање за одржување на стабилно ниво на крвен притисок.

Здравите јаткасти плодови како оревите имаат многу придобивки, вклучувајќи го и намалувањето на крвниот притисок.

  • Оревите се богати со омега-3 масни киселини, влакна и антиоксиданс елагична киселина, што може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, вели нутриционистката Лаура Али.

Освен што се здрава ужина, јаткастите плодови лесно се вклопуваат во многу оброци.

  • Корисно е да додадете четвртина чаша сецкани ореви во овесна каша, салата или да ги посипете врз тестенини со зеленчук, тврди Али.

Исто така, јогуртот е една од намирниците со богат извор на калциум, кој е клучен за протокот на крв низ телото и за подобрување на здравјето на срцето. Покрај тоа, оваа храна лесно се вклопува во исхраната.

Мешунките како леќата и грашокот се богати со растителни протеини и влакна и се одлична алтернатива за изборот на протеини од месо.

Додавањето разновидни мешунки во вашите оброци ќе обезбеди клучни хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на вашето срце.

ИЗДВОЕНИ