Ова не се случува толку често во јавноста: Слатките бакнежи на Меган и Хари испишаа историја

276
Фото:принтскрин Х

Меган Маркл и принцот Хари се поблиски од кога било.

Тоа го демонстрираа на отворањето на спортскиот настан „Invictus Games 2025“ во Канада.

Војводата и војвотката од Сасекс споделија бакнеж пред Хари да се упати да одржи говор на почетокот на инспиративниот настан, пишува Харперс базар.

 

 

Не се случува толку често Меган и Хари да се бакнуваат јавно, па фановите коментираат дека ова било историски момент.

Инаку, Хари го основа овој настан во 2014 година.

„Тоа му значи многу. Вие сте неговото семејство. И се надевам дека препознавате колку срце влеа во секое отчукување што ве доведе до оваа недела, која ќе биде спектакуларна“, рече Меган претходно.

ИЗДВОЕНИ