ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО РЕЧИСИ 40 ГОДИНИ: Московскиот планетариум го најави метеорскиот дожд Орионид ноќта меѓу 20 и 21 октомври

92

Метеорскиот дожд Орионид го достигнува својот врв во ноќта меѓу недела и понеделник на 21 октомври и ќе биде видлив од полноќ до зори над југоисточниот хоризонт. Врвот на оваа појава би можел да трае следните неколку ноќи, соопшти прес-службата на Московскиот планетариум.

„Набљудувањата на Орионидите се можни при ведро време од полноќ до зори на југоисточниот хоризонт. Активноста на таканаречениот метеорски дожд по врвот често останува речиси иста во текот на неколку последователни ноќи“, пренесува ТАСС. .

Орионидите се формирани од честички оставени од Халеевата комета (1P/Hallei), најпознатата од периодичните комети кои редовно се враќаат во Сончевиот систем на секои 76 години.

„Последен пат метеорскиот дожд помина блиску до Сонцето во 1986 година, а следниот пат блиску до Сонцето и Земјата ќе лета дури во јули 2061 година, се вели во соопштението на Планетариумот.