На источна Австралија и се заканува незапамтен циклон, поради што ќе се евакуираат повеќе од 2,5 милиони луѓе, пишува „Индипендент“. Тропскиот циклон по име Алфред, оценет како ураган од прва категорија, ќе го погоди брегот јужно од Бризбејн.
„Ова е редок настан, тропски циклон да се случи во нетропски области како југоисточен Квинсленд и северен Нов Јужен Велс“, објасни премиерот Ентони Албанес.
Последниот голем циклон што го погоди Бризбејн беше во 1974 година. Предизвика големи поплави во градот и целиот регион на Нов Јужен Велс.
„Не сме виделе вакво нешто во последните 50 години. Има подрачја каде што напливот на бури е најголем проблем, а потоа има области каде што високите бранови и ерозијата на крајбрежјето и поплавите кои доаѓаат директно од морето поради силните бранови претставуваат голем проблем.
„Значи, имаме комбинација од сè, од Бризбејн до реките во северниот дел на Нов Јужен Велс“, вели Дарел Штраус, истражувач од Универзитетот Грифит.
Луѓето се подготвуваат за евакуација. Пред куќите на големо се поставуваат вреќи со песок, а полиците на супермаркетите се речиси празни.