“Ова не е твоја земја, ти не си мој крал“!: Се појави снимка од „топлото добредојде“ на кралот Чарлс

134

На вториот ден од неговата официјална посета на Австралија, британскиот крал Чарлс III се соочи со непријатност веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот парламент, бидејќи независната сенаторка Леа Торп потоа почна да извикува „Ти не си мој крал“.

Торп ја прекина церемонијата во Канбера извикувајќи „Ти не си мој крал“ во текот на речиси цела минута, а потоа интервенирало обезбедувањето и ја одвело, јавува Би-би-си.

„Ова не е ваша земја! Ти не си мој крал! Вратете ни ја државата! Вратете ни го тоа што ни го украдовте! Нашите коски, нашите черепи, нашите бебиња, нашите луѓе! Ти не си мој крал! Ја уништивте нашата земја“, извикалa Торп облеченa во традиционална облека на Абориџините.

Кралот ја напушти говорницата за да се придружи на кралицата Камила, која седеше на бината, кога сенаторката Торп почна да вика и да се приближува до говорницата од задниот дел на парламентарната сала.