Ова го има само на Балканот: Погледнете што има во хрватско полициско комбе/ВИДЕО

294
Instagram mommyarewethereyet

Португалско-естонско семејство пристигна во Хрватска, а на социјалните мрежи сподели необична сцена која ги затекнала во полициски автомобил.

„Поради работа на патот, за момент се збунивме малку, па помисливме дека би било добро да побараме помош од полицијата“, рекоа тие.

Потоа на видеото се гледа како се приближуваат кон полициско возило, но во него немало никој, само картонска фигура во облик на полицаец.

„Нашиот престој во Хрватска започна со громогласна смеа. Дали е ова вообичаено овде?“ напишаа тие.

Ова семејство моментално е на патување од 2,5 месеци. Тие пристигнаа од Естонија со нивната седумгодишна ќерка и тригодишен син, а споделуваат смешни моменти и детали од нивното патување на социјалните мрежи.

„Да имаше вистински полицаец овде, со задоволство ќе ти напишеше казна за вртење преку полна линија. Бидете среќни што го немаше таму“, „Нема подобра полиција од нашата“, „Роботите ни ги земаат работните места“, „Нема ни потреба за тоа, картонот е доволен“, се некои од коментарите на Инстаграм.

ИЗДВОЕНИ