Српскиот кошаркар и еден од најдобрите во НБА лигата, Никола Јокиќ, со денови е на удар од страна на Американците. Според нив, кошаркарот на Денвер не е најдобриот во лигата во моментов, иако бројките покажуваат сосема нешто друго, а посебно привлече неговото отсуство на мечот против Голден стејт, особено што овој натпревар беше емитуван на националната телевизија.
Без разлика што феноменалниот Арон Гордон го предводеше Денвер до победа на тој меч, средбата на двете големи екипи од Западната конференција се одигра со горчлив вкус во устата на оние кои сакаа да ги видат најсилните тимови на терен.
За Денвер не играа Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Кристијан Браун, а и покрај тоа Нагетси ја прекинаа серијата на „воините“ од седум последователни победи.
- Лошо е што Голден стејт загуби од Денвер на натпревар што требаше да го добијат. Нагетс во основа им рекоа: „Повелете, победете“. Ниту тоа не успеаја да го добијат „воините“, но беше тешко да се гледа без играње ниту на Јокиќ, ниту на Мареј. Тоа е страшно за лигата, изјави водителот на ЕСПН, Мајк Гринберг.
Со него се сложи и Тим Бонтемпс, новинар од Сан Франциско, кој логично е најзаинтересиран за тамошниот тим на Голден Стејт.
- НБА буквално донесе правило дека играчите мора да играат. Тоа вели дека ако играте на гости на националната телевизија, тогаш вашите ѕвезди треба да играат. Никола Јокиќ игра постојано, неодамна го видов во Бостон и тој беше нокаутиран. Нагетс можеше однапред да го погледне распоредот. Тие играа дома во саботата против Вашингтон Визардс, најлошиот тим во НБА. Одморете ги тие момци за тој натпревар и нека бидат подготвени да играат на овој натпревар и против Лејкерс. Мислев дека сите ќе играат за Денвер, а кога го видов нивниот извештај за повреди, видов дека половина од играчите беа надвор од теренот, додаде Бонтемпс.