Победник на Евровизија која годинава се одржа во Малме е претставникот на Швајцарија. Немо во тензичното финале триумфираше со песната „The Code“ и го престигна хрватскиот претставник Бејби Лазања кој цело време беше прв во обложувалниците.
„Ова е за сите луѓе кои се чувствуваат поинаку и кои се надевам, како мене, ќе го скршат кодот и ќе бидат слободни да бидат свои, да создаваат уметност и да се борат за мир, толеранција и еднаквост“, рече Немо.
Неговата песна се вика „The Code“ и буквално се работи за „кршење на кодот“ – што всушност се однесува на родовиот идентитет.
Во видеото кое го објави пред два месеци, Немо поминува низ различни фази – од момче до девојче до личност која не одговара на ниту еден од тие два пола.