Марк Брновиќ е назначен за нов американски амбасадор во Србија. Тој е поранешен јавен обвинител на Аризона и ветеран на Националната гарда, наследувајќи го Кристофер Хил, кој беше на функција до јануари 2025 година. Американскиот претседател Доналд Трамп го објави своето именување на социјалната мрежа Truth Social, истакнувајќи го потеклото и вредностите на Брновиќ.
„Задоволство ми е да објавам дека Марк Брновиќ ќе биде нашиот следен национален амбасадор на Соединетите држави во србија. Марк е горд ветеран на Националната гарда, а претходно беше државен обвнител на Аризона. Како син на бегалци кои побегнаа од комунизмот, Марк ќе биде силен поборник за слобода и секогаш ќе ја става Америка на прво место. Честитам Марк“, напиша Трамп.
I am pleased to announce that Mark Brnovich will be our next United States Ambassador to Serbia. Mark is a proud Veteran of the Army National Guard, and previously served as Attorney General for the Great State of Arizona. As the son of refugees who fled communism, Mark will be a…
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) March 28, 2025
Брновиќ, по професија адвокат, се кандидираше за сенатор од Аризона во 2022 година, но не успеа да победи. Роден е во САД како прва генерација по емигрирањето на неговите родители од Југославија. Тој е активен член на српската православна заедница во Феникс и е горд на своето балканско наследство.
„Семејството на татко ми потекнува од Црна Гора, Брновиќите се племе од Љешанската нахија. Семејството на мајка ми потекнува од Далмација, од областа околу Сплит. Јас сум православен Србин и се гордеам со моите балкански корени“, изјави тој за белградски Курир.
Иако го истакнува своето српско потекло, Брновиќ покажа наклонетост и кон Хрватска, поддржувајќи ги Огнените за време на финалето на Светското првенство во 2018 година.
Интересен детал од неговиот живот се имињата на неговите кучиња – Ракија и Пиво. Покрај тоа, на социјалните мрежи се рашири видео што го објави на X во 2021 година, во кое вешто држи нунчаки, привлекувајќи внимание на јавноста.
You want the nunchucks.
You got the nunchucks. pic.twitter.com/fu4MlJEUN1
— Mark Brnovich (@GeneralBrnovich) October 15, 2021