Возачот кој со својот автомобил влета во толпа луѓе на фестивал во Ванкувер сега е под полициска заштита, за да спречат да биде линчуван од насобраните граѓани.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како полицајци опкружуваат уапсен Азиец, додека толпа луѓе се обидуваат да дојдат до него. Видно вознемирен, возачот на видеото едвај успеа да каже „Извинете“, пред да го одведат полицајците.
The driver of the vehicle who drove into the Lapu Lapu Festival in Vancouver, Canada earlier, killing and injuring several people, has since been detained by police. Witnesses at the scene state that he appears to be a 20-year-old Asian male and possibly mentally challenged in… pic.twitter.com/a9Emv6Vcdu
— OSINTdefender (@sentdefender) April 27, 2025
Инцидентот се случи за време на прославата на Денот на Лапу Лапу, голем празник за филипинската заедница, кога автомобил со голема брзина влета во толпата. Според првите информации, во несреќата загинале неколку лица, додека голем дел од нив се здобиле со повреди.
Полицијата во Ванкувер потврди дека возачот е уапсен и дека истрагата е во тек, но официјалниот биланс на загинати се уште не е објавен. На снимката се гледаат драматични сцени: полицијата се обидува да ја контролира разгневената толпа додека истовремено им помага на повредените.
Организаторите на фестивалот изразија сочувство до семејствата на жртвите и соопштија дека сите планирани активности се откажани.