Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го претрпеа 10-от пораз во актуелната сезона откако натпреварот од 22. коло во англиската Премиер лига, заврши со заслужен триумф на Брајтон од 3:1. . Тоа беше трета последователна победа за Брајтон во сите натпреварувања и осми меч во низа без пораз, додека Јунајтед во последните шест кола го победи само последнопласираниот Саутемптон.
Брајтон поведе со голот на Јанкуба Минтех во петтата минута, а на полувремето беше израмнето откако Бруно Фернандеш во 23. Минута успешно го реализираше ударот од белата точка. Гостите дојдоа до трите бода со головите на Каору Митома и Џорџинио Рутер, кој ја искористи големата грешка на домашниот голман Андре Онана.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не сакаше да сокрие дека е разочаран од новиот пораз.
„Од 10 натпревари во Премиер лигата победивме на два. Замислете што е ова за навивачите на Манчестер Јунајтед. Замислете што е ова за мене. Значи, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Целосно сум свесен за тоа “, изјави Португалецот и додаде:
„Како што реков, нема да се променам, без разлика на се. Знам дека можеме да успееме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживееме. Можеби сме најлошите тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека сакате титули, но тоа го велам затоа што мораме да го признаеме тоа и да го промениме. Повелете, ова е за вашата насловна страна“.