US News & World Report ја објави најдобрата диета за 2025 година. Оваа титула ја освои медитеранската исхрана која долги години ја победува конкуренцијата.

Одлуката ја донеле 69 експерти, а тие се воделе според следните критериуми: хранлива вредност, здравствени ризици и придобивки, долгорочни ефекти и ефективност базирана на докази, наведува „CNBC“.

Медитеранската исхрана е исклучително здрава за срцето. Исто така, спречува дијабетес тип 2.

Ги содржи следните намирници: овошје, зеленчук, житарици, јаткасти плодови, здрави масти, риба, живина…

Не се дозволени слатки, преработена храна и црвено месо.

Овој тип на диета е инспириран од навиките за јадење и традиционалната храна типична за Крит, голем дел од остатокот од Грција и јужна Италија.

Покрај горенаведеното, медитеранската исхрана е поврзана и со помал ризик од депресија. Сепак, треба да се има предвид дека содржи и големо количество глутен, па затоа внимавајте кога консумирате храна која содржи леб и тестенини.

ИЗДВОЕНИ