„Ова е Иван Владимирович Путин“, за кого тврдат дека е вонбрачен син на Путин/ФОТО

112
EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Канал на Телеграм тврди дека дошол до фотографии од 10-годишниот син на рускиот претседател Владимир Путин, кој го добил од непотврдена врска со гимнастичарката Алина Кабаева. Како што тврди каналот, на фоографиите се гледа Иван Владимирович Путин, неговиот постар син од врската со позната гимнастичарка.

„ВЧК-ОГПУ дојде до фотографија од најмистериозното и веројатно најосаменото момче во Русија“, се вели во извештајот од овој канал на Телеграм, кој наводно има врски со органите на редот и тајните служби.

Понатаму се наведува: „Ова е Иван Владимирович Путин. Тој речиси не комуницира со други деца, целото време го поминува со телохранители, гувернанти и учители“, се додава во описот на каналот Телеграм.

Момчето, според извештаите, наликува на Путин од периодот кога бил момче, пишува Daily Mail.

Иван има помлад брат Владимир Помладиот, кој сега има четири години, но не се појавува на фотографиите, пишува на веб-страницата.

Путин никогаш официјално не го потврди семејството што го има со олимписката шампионка Кабаева (41), која е три децении помлада од него.

Иако Путин и Кремљ секогаш ја негираа врската меѓу него и гламурозната Кабаева, независните руски новинари утврдија дека заедно имаат два сина.

Досега децата никогаш не биле видени и живеат скриени зад ѕидовите на високо обезбедените палати.

Познато е дека Путин има внуци и од двете најстари ќерки – Марија Воронцова (39) и Катерина Тихонова (38), танчерка позната по своите рокенрол акробации.

Тој, исто така, има уште една тајна ќерка, Екатерина Кривоногих – позната и како Луиза Розова – која ја имал со својата поранешна љубовница, куќна помошничка која станала мултимилионер од 75 милиони фунти, Светлана Кривоногих (49), косопственик на голема банка и сопственик на познат стриптиз клуб во Санкт Петербург.

ИЗДВОЕНИ