ОВА ДОСЕГА НЕ СЕ СЛУЧИЛО: Медумите во Северна Кореја означија „кадар“ кој ќе го замени лидерот на земјата

228
EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејските државни медиуми во саботата ја означија ќерката тинејџерка на лидерот на земјата Ким Џонг-ун како „кадар за највисоките државни функции“, најавувајќи дека младата жена еден ден би можела да го наследи нејзиниот татко.

„Одличен советник“, вака севернокорејските државни медиуми ја опишаа ќерката на Ким Џонг-ун, пренесува Еуроњус.рс.

Во извештајот, заедно со фотографиите на Ким Џонг-ун и неговата ќерка, се наведува дека севернокорејскиот лидер и неговата ќерка, придружувани од партиски, владини и воени лица, посетиле една фарма.

Досега официјален Пјонгјанг никогаш не ја опиша ќерката на севернокорејскиот лидер како таква, а државните медиуми никогаш не ја идентификуваа по име.

Меѓутоа, јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека тоа е Ју Ае, второто дете на Ким Џонг-ун.