Австралиецот Оскар Пјастри успеа да дојде до третата победа сезонава, овој пат во Саудиска Арабија, и со тоа да го преземе водството во генералниот пласман. Ова беше петта победа за Оскар Пјастри откако пристигна во Формула 1, но по трката истакна дека оваа му била најтешка во кариерата.

  • Имавме тежок почеток. Беше многу тешко да се следи Макс, но по пит-стопот имавме отворен пат, сè на сè убав викенд.  Ова беше една од најтешките трки во мојата кариера, истакна Пјастри.

Така, сега Пјастри ќе биде лидер во шампионатот најмалку две недели, бидејќи следната трка ќе се вози во Мајами по кратка пауза.

 

ИЗДВОЕНИ