ОТВОРЕНИ ИЗБИРАЧКИТЕ МЕСТА ВО САД: Светските обложувалници му даваат блага предност на еден кандидат

50
epa11702555 A woman walks past the Dekalb County Avondale Estates City Hall voting precinct as the polls open on Election Day in Avondale Estates, Georgia, USA, 05 November 2024. Voters across the country are casting ballots today for President of the United States in a tightly contested race between Republican presidential candidate Donald J. Trump and Democratic presidential candidate US Vice President Kamala Harris, as well as for candidates in Senate and Congressional races. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во САД денеска беа отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните го избираат шефот на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи Камала Харис.

Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа на предвремените избори.

Кампањата беше жестока и одбележана со бројни пресврти, со два обиди за атентат врз Доналд Трамп и смена на демократскиот претседателски кандидат – наместо досегашниот претседател Џо Бајден, беше избрана Камала Харис.

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика, јавува Би-би-си.

Резултатите од анкетите покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, додека водечките светски обложувалници блага предност му даваат на Трамп, претседателот на САД од 2017 до 2021 година.

ИЗДВОЕНИ