Отворена канцеларија за психолошко советување и поддршка

14

Во просториите на Општина Ѓорче Петров е отворена нова канцеларија за психолошко советување и советување со социјален работник, како и бесплатна СОС-линија 141-700, достапна за жените жртви на семејно насилство.

Канцеларијата се наоѓа на приземјето и ќе биде отворена секој четврток од 10:00 до 14:00 часот за сите оние на кои им е потребна поддршка. Таа ќе функционира во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, со цел обезбедување психолошка поддршка, правни совети и социјално советување за жртвите на семејно насилство и на насилничко опкружување.

По повод отворањето на канцеларијата, вчера беше одржана стручна трибина на која беа претставени условите и можностите што ги нуди оваа канцеларија, како и стручниот тим составен од психолог, правник и од социолог.

– На трибината беше нагласена важноста на психолошката поддршка во процесот на соочување со стравот и излез од насилничкото опкружување – информираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ