Отворена изложба на книги за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

30

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола промовира изложба на книги посветена на 26 јануари, прогласен од Обединетите нации за Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

-Ние имаме само една планета и колку повеќе ќе ја чуваме толку повеќе ја оставаме за идните генерации. 26 јануари е потсетник за тоа какви програми за едукација се потребни на глобално ниво – посочија од Универзитетската библиотеката во Битола.

Оттаму додаваат дека изложбата е дел од активностите кои ќе ги реализира библиотеката за подигнување на свеста и едукација за заштитата на животната средина.

Изложбата е отворена секој ден и посетителите може да погледнат и изнајмат книги публикувани на македонски и англиски јазик.

Во изложбениот салон на библиотеката изложени се книгите „Човекот, водата и животната средина“ на авторот Милош Змејковски, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Е. Саскинд, „Геологија за инженери и стручњаци за животна средина“ од Аланд Кехју, „Заштита на животната средина“ од Милто Мулев, Зборник на трудови во издание на МАНУ, истражувачки центар за животна средина и материјали, детска илустрирана енциклопедија за екологија и други енциклопедии посветени на екологијата.

 

ИЗДВОЕНИ