EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT

Телото на папата Франциск е изложено во отворен ковчег во Ватикан за церемонијата на потврдување на смртта на папата.

Ритуалот со кој се потврдува смртта на папата Франциск и полагањето на неговото тело во ковчег се одржа синоќа во капелата Света Марта, соопшти Ватикан, пренесува Дејли Мејл.

Кардиналот Кевин Фарел ја прочита официјалната потврда за смртта за време на церемонијата која траеше нешто помалку од еден час.

Беа ставени печати на апартманите во Апостолската палата, како и на апартманот во капелата Света Марта, каде што престојуваше папата.

Кардиналите денеска се состануваат во Ватикан за да започнат со планирање на погребот и деталните ритуали кои го означуваат крајот на службата на еден папа и почетокот на следната.

Во наредните денови кардиналите ќе го подготват неговиот погреб, ќе планираат конклава за избор на наследник и ќе донесат други важни одлуки во врска со раководството на Католичката црква.

Папата Франциско почина вчера на 88-годишна возраст, по мозочен удар што доведе до кома и неповратна срцева слабост. Тој се опоравуваше во својот апартман откако помина пет недели во болница со пневмонија.

Последен пат во јавноста се појави во неделата, кога од Папамобилот им даде велигденски благослов и последен поздрав на собраните на плоштадот Свети Петар.

ИЗДВОЕНИ