Отворање на изложбата „Тиквешкиот гроздобер низ годините“

83

По повод манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2024“, но и по повод четири години од постоењето, Винскиот музеј за регионот Тиквеш – Кавадарци, кани на отворање на изложбата „Тиквешкиот гроздобер низ годините “, в петок со почеток во 18:30 часот.

– Преку изложбата, ќе ве вратиме низ времето, ќе имате можност да видите фотографии и експонати од традиционалниот Гроздоберски карневал од пред педесетина години. Настанот ќе биде збогатен со музички перформанс од нашите сограѓани Пепи и Перо и со дегустација на вино од малите семејни винарници – соопштија од Винскиот музеј за регионот Тиквеш – Кавадарци.