Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купувањето на Гренланд.
Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргарет, која се повлече на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.
Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој имаше три круни – симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.
Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, кои ги симболизираат Гренланд и Фарските Острови, пишува „Гардијан“.
Тензии околу Гренланд
Промената доаѓа во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој останува автономен, но Данска ја контролира својата надворешна и безбедносна политика.
Минатиот месец Трамп повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителна употреба на контрацепција во 1960-тите и 1970-тите.
Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, планира да го посети Гренланд денеска, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкаст.
I didn’t know you could just change heraldry like this, assumed there was some kind of archaic system, with councils and so forth. https://t.co/vrTbPcuY1h
— Gregory Brew (@gbrew24) January 7, 2025