Отстранети повеќе диви депонии во Кисела Вода и Центар

31

Екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена во текот на вчерашниот ден работеле на отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар.

Од претпријатието информираат дека во општината Кисела Вода било интервенирано на улиците: „Невена Георгиева-Дуња“ и „Димо Хаџи Димов“, од каде што биле подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.

-Расчистени се и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини – соопштија од ЈП Комунална Хигиена .

Воедно, во текот на изминатава седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална Хигиена изготвила седум едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во општините: Центар, Карпош и Чаир.

Во рамките на интервенциите на Еко-патролата, од страна на сторителите биле отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад.

 

ИЗДВОЕНИ