Отстранети две големи диви депонии во Чаир

35

Екипите на ЈП Комунална Хигиена во вчеравечер отстраниле две обемни диви депонии во општина Чаир.

-Активностите се одвиваа на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ како и на улицата Лазар Трповски“, извести Комунална хигиена-Скопје. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад одложени на јавни и сообраќајни површини – соопштија од претпријатието.

Во текот на 2024 година, ЈП Комунална Хигиена во оваа скопска општина отстранило вкупно 2.970 кубни метри отпад од диви депонии, што е најголемо количество во однос на сите останати скопски општини.

-Само во текот на месецот јануари 2025 година, се подигнати и транспортирани 205 кубни метри отпад од диви депонии во општината Чаир – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ