Отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии во три општини

26

Екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, во текот на изминатото деноноќие отстраниле приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во oпштините: Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

-Во општината Кисела Вода се реализирани активности на улицата „Христо Татарчев“, во непосредна близина на спортската сала „Расадник“, каде што се подигнати 30 кубни метри кабаст отпад одложен на тревна површина, додека на улицата „50-та Дивизија“ во општината Центар се отстранети 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на сообраќајна површина. Интервенирано е и на улицата „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања – соопштија од претпријатието.

Воедно, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена вчера спровела интервентни дежурства во општина Ѓорче Петров, при што се извршени едукативни разговори со дваесетина граѓани затекнати при непрописно одлагање отпад.

 

ИЗДВОЕНИ