Отстранети 60 м2 отпад во Чаир, Центар и Гази Баба

21

Екипите на ЈП Комунална хигиена, во текот на вчерашното деноноќие отстраниле неколку обемни диви депонии лоцирани во општините Чаир, Центар и Гази Баба.

-Во општината Чаир повторно е интервенирано на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата „Максут Садик“. Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците: „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Народен фронт“ – соопштија од ЈП Комунална хигиена.

Оттаму додаваат дека биле реализирани активности и во општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром биле подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот со број 50.

 

ИЗДВОЕНИ