Екипите на ЈП Комунална хигиена, во изминатото деноноќие отстраниле повеќе диви депонии лоцирани во општина Чаир.
– Интервенирано е на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот „Крсте Мисирков“, како и на неколку локации во населбата Серава – соопштија од претпријатието.
Оттаму додаваат дека во рамките на активностите биле подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, одложен на јавни и сообраќајни површини.