Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии

75

Во текот на изминатиот викенд, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена подигнале и транспортирале 150 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Карпош.

-Активностите се реализираа на улиците: „Цветан Димов“, „Коста Абрашевиќ“, „Методија Митевски“ и „Благоја Паровиќ“, како и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, потоа на улицата „Васил Чакаларов“ – во општина Карпош, улицата „Димо Хаџи Димов“ – во општината Кисела Вода, како и на улицата „Даме Груев“ и булеварот „Мајка Тереза“, во општината Центар. На посочените локации се отстранети и приближно 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.