Отстранета голема дива депонија во населбата Серава

19

Eкипите на ЈП Комунална хигиена, во четвртокот вечерта отстраниле голема дива депонија, лоцирана во скопската општина Чаир.

– Интервенирано е во населбата Серава, каде што се подигнати и транспортирани приближно 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавна површина – соопштија од претпријатието.

Оттаму информираат дека минатата година се соочиле со зачестена појава на таканаречените „црни точки“ – локации каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини, поради што се воведени и интервентни патролни дежурства на Еко-патролата. Таа, во периодот јануари-декември 2024 година изготвила и врачила 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при непрописно одлагање отпад.

ИЗДВОЕНИ