Поранешните кошаркари, а сега сопружници, Едина Муса и Александар Димитровски – Мачка, станаа родители на син.
Екскошаркарската двојка денеска го дочека раѓањето на своето прво дете, кое го крстија Максим, а името има силно значење на латински (maximus – „моќен, голем“).
Новопечените родители својата неизмерна среќа ја излеаа на социјалните мрежи, а згодната мајка на Инстаграм сподели фотографија во чиј опис напиша „мајка му на Максим“, па неизбежно е да се воочи дека со гордост ја носи новата „титула“.
View this post on Instagram
Едина за првпат се оствари во улогата на мајка, додека Мачка од претходниот брак со пејачката Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синот Дарен.